Двата синдикати на наставниците во Србија по три месеци го прекинаа штрајкот

Од:

Лидерите на два од четири синдикати во сферата на образованието во Србија постигнаа договор и потпишаа со министерот за образование Срѓан Вербиќ спогодба за решавање на спорните прашања,јави Танјуг.

Тоа значи оти наставата во училиштата во Србија ќе се обнови по речиси три месеци протести.

Претставници на Синдикатот на образованието на Србија и на Гранковиот просветен синдикат „Независност“ добија согласност од нивното раководство да ја потпишат спогодбата.

Претставници на Министерството за образование изјавија дека двата синдиката усвоиле и специјален колективен договор.

Останатите два синдикати, Сојузот на синдикатите на просветните работници во Србија и Синдикатот на работниците во образованието на Србија ќе одлучат дали ќе ја потпишат спогодбата на седницата на нивните раководства, кои ќе се одржат следните неколку дена.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија