Дваесет и една година од потпишувањето на Дејтонскиот договор

Од:

Со потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор на 21 ноември 1995 година официјално е завршена 3,5-годишната војна во Босна и Херцеговина.

На денешен ден се одбележува 21-годишнината од потпишувањето на Општиот рамковен договор за мир, кој беше парафиран од тогашните претседатели на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ, на Хрватска, Фрањо Туѓман и на Србија, Слободан Милошевиќ, во присуство на тогашниот државен секретар на САД Ворен Кристофер.

Со договорот парафиран во воена база во Дејтон по тринеделни преговори со посредство на САД, БиХ е поделена на  Федерација БиХ (51 процент од територијата), Република Српска (49 отсто од територијата) и дистриктот Брчко.

Договорот потпишан во Дејтон, Милошевиќ, Туѓман и Изетбеговиќ официјално го парафираа три недели подоцна на 14 декември 1995 година во Париз.

Сите тројца потписници се починати, како и меѓународниот претставник за Балканот и „автор“ на Дејтонскиот договор американскиот дипломат Ричард Холбрук.

Потписниците се обврзаа меѓусебно да ги регулираат односите според Повелба на Обединети нации, Завршниот документ од Хелсинки и други документи на ОБСЕ со меѓусебно почитување на суверенитетот и решавање на спорови на мирен начин.

Дејтонскиот договор стави крај на војната во БиХ, а во меѓувреме претрпе бројни измени.

Би можело да ве интересира

Шмит: Не сум приврзаник за Дејтон два

Ескобар: Дејтонскиот договор е патоказ кон европската интеграција на БиХ

Ана Ололовска

Дејтонски договор 26 години подоцна , БиХ е во најголемата криза по 1995 година

Катерина Ѓуровски

Инцко: Дејтонскиот договор не предвидува мирно раздвојување во БиХ

Ана Ололовска

Бајден: Дејтонскиот договор донесе мир, но работата не е целосно завршена

Жарко Настоски

25 Години од потпишувањето на Дејтонскиот договор