Ескобар: Дејтонскиот договор е патоказ кон европската интеграција на БиХ

Од:

За граѓанскиот концепт за Босна и Херцеговина може да се разговара откако ќе стане членка на Европска Унија, а дотогаш е во рамките на Дејтонски договор, изјави денеска американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Тој оцени дека БиХ во моментов не е функционална држава, во која институции „не се ефективни“ долго време, „што не е последица на Дејтонскиот договор, туку недостаток на добра волја“ на босанските политичари.

– Договорот 25 години беше успешен во одржување на мирот во земјата… Проблемот е неодговорното лидерство, корупцијата, политичарите кои инсистираат да останат на власт по секоја цена, наведе Ескобар.

За концептот на граѓанска држава, за што се залага дел од меѓународната заедница, Ескобар посочи дека за тоа може да се разговара „можеби во иднина“, откако БиХ ќе стане членка на Европска Унија.

– Дотогаш, Дејтон е патоказ кон европската интеграција и така мора да остане, посочи Ескобар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина