ДВ: Колективна казна за граѓаните на Западен Балкан

Од:

Европскиот парламент денеска треба да гласа за усвојување на механизмот за суспензија на визниот режим.

Мислењата за механизмот кај европарламентарците се поделени. Додека еден дел од пратениците во Европскиот парламент во привременото враќање на визите гледа исклучиво начин да се заштитат граѓаните и визниот режим на ЕУ, има и такви кои во тоа гледаат можна инструментализирана „колективна казна за граѓаните од Западен Балкан“, објавува Дојче веле.

По две години преговори во рамките на ЕУ, Европскиот парламент денеска гласа за механизмот за суспензија на безвизниот режим. Кога еднаш на ниво на ЕУ се усвои „механизмот за суспензија на безвизниот режим во итни ситуации и во случај на злоупотреба на постоечкиот систем“, а прв чекор кон усвојувањето е токму гласањето во Европарламентот, земјите од Западен Балкан ќе бидат изложени на ризикот повторно да бидат ставени на „црната листа“. Доволно е само една од земјите потписнички на Шенгенскиот договор во писмо да ја извести Европската комисија за влошување на ситуацијата на теренот. Потоа експертите треба да ја проценат состојбата и, врз основа на нивната проценка, Европската комисија дава предлог, а земјите членки потоа ја усвојуваат одлуката за суспензија на безвизниот режим, која во прв момент би траела шест месеци, а потоа би следувала нова проценка.

Токму големиот прилив на т.н. „лажни азиланти“ од земјите од Западен Балкан е една од причините поради кои одделни земји членки на ЕУ инсистираа овој механизам да се усвои што е можно побргу.

Непосредно пред гласањето за овој предлог, има голема поделеност во ставовите на пратениците во Европарламентот. Оние од конзервативно-десничарскиот блок на Европската народна партија, го поддржуваат предлогот како начин да се зајакне Шенгенскиот систем и безбедноста на граѓаните на ЕУ. Социјалдемократите, либералите и зелените – критикуваат. Известувачката на ЕП за визна либерализација, Тања Фајон, ги повика колегите пратеници да гласаат против овој предлог, кој го означи како „лош за целата ЕУ и нејзините соседи“.

– Постои огромен ризик дека ваквиот механизам владите на поединечни земји би можеле да го искористат како средство за добивање политичка поддршка против дојденците од соседните земји. Тука во прв ред мислам на граѓаните од Западен Балкан за кои визната либерализација беше историски чекор на нивниот пат кон Европската Унија. Со ова ја загрозуваме не само иднината на визната политика, туку и на политиката кон соседството, рече Фајон.

Последните податоци на Фронтекс говорат дека бројот на баратели на азил од земјите од Западен Балкан во ЕУ се намалува. Истовремено, во Брисел може да се чуе мислењето дека владите на земјите од регионот прават се‘ за да ја спречат злоупотребата на безвизното патување и оти е ред на земјите од Шенгенскиот простор да ја реформираат политиката на давање азил, да ги скратат процедурите и со тоа побрзо да ги одбиваат оние кои во „барањето азил“ гледаат потенцијална материјална корист, наведува Дојче веле.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот