Дрецун: Во тек е тајна операција на странски служби против Србија во Скопје

Од:

Претседателот на собранискиот комитет за Косово и Метохија, Милован Дрецун, изјави дека пред два месеци е формиран моќен разузнавачки тим, кој е маскиран како голем западен производител на автомобили во Скопје, чија тајна акција е насочена кон блокирање на постигнување компромисно решение помеѓу Белград и Приштина.

Дрецун, за српски Курир изјави дека тимот се состои од разузнавачи од Бугарија, Албанија, Северна Македонија и Германија.

Тој истакна дека силна кампања против постигнувањето било каков компромис меѓу Белград и Приштина се одвива во некои соседни земји, додавајќи дека Северна Македонија станува центар за моќни разузнавачки информации против интересите на државата Србија.

“Секое постигнување на компромисно решение е камен-темелник на стабилизацијата на овој регион, а недостатокот на компромис помеѓу Белград и Приштина е подготовка за нови конфликти во регионот и создавањe „голема Албанија”, рече Дрецун.

Тој истакна дека македонските власти мора да одговорат која е целта на формирањето на разузнавачкиот тим чија цел е целосно да и наштети на Србија.

“Она што сега можат да направат е да се соберат информации и да шират дезинформации. Тимот не е формиран за да ги заштити нашите интереси, туку да го направи спротивното. Тоа не е нималку наивно, може да спроведат некои медиумски или политички доверзии, дури и да предизвикаат конфликти”, предупреди Дрецун.

Би можело да ве интересира

Дојава за поставена бомба во српското Собрание

Горан Наумовски

Вучевиќ: Најдобро е Србија да добие нова влада

Вучиќ: Денес е тежок ден за Србија, за секој нормален граѓанин на оваа земја

Горан Наумовски

Обвинител нареди истрага за сите вмешани во инцидентите во српското Собрание

Србија: Прво димните бомби помрачија се, сега пратениците побелеа од противпожарните апарати

(ВИДЕО) Јовановиќ нападна бремена пратеничка: Лекарите се борат за животот на бебето