Драстичен пораст на бројот на заразени со Ковид-19 во земјите од регионот

Од:

Државите од регионот бележат драстичен пораст на бројот на новозаболени лица со коронавирус, што главно се припишува на опуштањето на граѓаните, непочитување на епидемиолошките мерки и мутации на вирусот, чии нови видови се позаразни и предизвикуваат посериозна клиничка слика.

Србија

Во Србија и денеска има над 4500 новозаболени. Податоците на здравствените власти покажуваат дека од тестирани 16.929 примероци регистрирани се 4.590 новозаразени, а почина 21 лице. Во болница се лекуваат 4.311 заболени со Ковид-19, а 212 се на респиратор. Досега од Ковид-19 починаа 4.620 луѓе, а стапката на смртност е 0,93 отсто.

Хрватска

Бројот на новоинфицирани за еден ден се зголеми двојно, така што од вчерашните 491 година, денеска се регистрирани 962 нови случаја, со што бројот на активни случаи е зголемен на 3.981, објави Националниот штаб. Пријавени се четири смртни случаи. И покрај ова зголемување, членот на владиниот научен тим за борба против коронавирусот, Гордан Лаук, вели дека епидемиолошката состојба во Хрватска е „многу добра“.

БиХ

Во Федерацијата БиХ, Република Српска и областа Брчко има 4.214 помалку тестирани и помалку новоинфицирани од вчера – 1.110. Бројот на новоинфицирани втор ден по ред надминува 1.000. Има помалку пациенти кои починале – 37 во споредба со вчерашните 48. Од вкупниот број на новоинфицирани во БиХ, повеќе од половина – 650 се во Сараевскиот кантон, каде состојбата е алармантна. Само во Федерацијата БиХ биле тестирани 3.157 примероци, 808 биле новоинфицирани, најмногу во Сараевскиот кантон и пријавени се нови 27 смртни случаи. Во моментот има 8.395 активни случаи во ентитетот.

Во Република Српска беа тестирани 941 лабораториски примероци, а коронавирусот беше потврден кај 263 лица. Станува збор за 122 мажи и 141 жени, од кои 27 се помлади, 165 средовечни и 71 повозрасни. Пријавени се осум смртни случаи додека 116 лица биле тестирани во областа Брчко, од кои 39 биле новозаразени, додека две лица починале. Бројот на активни случаи е 266.

Црна Гора

Во Црна Гора денеска има осум починати пациенти и 654 новозаразени со Ковид-19, 42 повеќе од вчера. Тестирани се 2.279 примероци. Бројот на активни случаи во Црна Гора е 9.124.

Словенија

Властите тестирале 6.017 примероци, 952 лица биле позитивни или 15,2 проценти од тестираниот број. Седумдневниот просек на нови инфекции е 728, а пријавени се и четири смртни случаи.

Унгарија

Унгарија бележи зголемување на бројот на смртни случаи – 179, и 5.653 заразени во изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи во моментов е 123.691 во Унгарија, највисок во Будимпешта – 91.257.

Бугарија

Тестирани се 17.193 примероци, од кои 3.502 или 20,4 проценти биле позитивни на вирусот, најмногу во Софија 882 лица. Пријавени се 138 смртни случаи. Постојат 38.385 активни случаи. Се заоструваат мерките во Софија – од петок 12 март сите ученици од 5-12 клас преминуваат на онлајн настава. Работното време на продавниците, хотелите и фитнес центри ќе работат до 22 часот. Мерките ќе важат до 26 март. Доколку продолжи зголемувањето на бројот на новозаразени ќе се преиспитуваат мерките и за трговските центри.

Романија

Во изминатите 24 часа во Романија се регистрирани 4.564 новозаразени лица, додека починале 100 пациенти – 52 мажи и 48 жени.

Би можело да ве интересира

Новиот сој корона поради кој се враќаат маските е потврден во Словенија, се шири како молња

„Кракен“ откриен и во Србија

Тони Цетински и познати спортисти биле дел од афертата со лажни ковид потврди во Хрватска

Во Хрватска зголемен бројот на заразени со Ковид-19

Во Србија од денеска забранети посетите на здравствените установи

Во Србија расте бројот на ковид пациентите во болниците