Драма во Тузла: Специјалци на терен, полицијата не може да се доближи до телото на човекот кој активираше бомба

Од:

Во семејна куќа во населбата Молуха во Тузла утрово била активирана експлозивна направа, а според првичните информации лицето што ја активира експлозивната направа е мртво.

Сепак, полицијата се уште не може да се приближи до телото поради сомневањата дека на местото на настанот има повеќе уреди за експозиција.

Истрагата се уште не е започната.

Од друга страна, во експлозијата едно лице е повредено и пренесено во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

„Пациентот со иницијали Е.О. е хоспитализиран на Одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезиологија и реанимација на Медицинскиот центар во Тузла, со повеќе повреди на екстремитетите, а во тек е подготовка за операција“, изјави портпаролката на Медицинскиот центар во Тузла, Ерсија Ашчериќ-Мујединовиќ.

Кантоналната полиција соопшти дека лекар ќе пристапи до телото на жртвата кога ќе се исполнат условите и ќе се спроведе истрага.

Би можело да ве интересира

Забележани снајперисти на српскиот протест во Босна и Херцеговина

Горан Наумовски

Трагедија во Тузла: Почина бебе по операција на непце

Горан Наумовски

Нова трагедија во БиХ: Ја уби сопругата, па се самоуби

Горан Наумовски

Девојка тешко претепана во хотел, уапсен е сопственикот на објектот

Трагедија во Мостар: Ги гледаше скоковите од Стариот мост, падна и почина

Горан Наумовски

За година и пол повеќе од 150.000 Руси влегле во БиХ