Драма во Босна и Херцеговина: Авион слета на ливада, има повредени

Од:

Две лица се повредени кога авион што леташе од Словачка мораше итно да слета на ливада во Босна и Херцеговина.

Според извештаите, станува збор за приватен авион од Словачка, кој денес, поради дефект, изврши итно слетување на платото Влашиќ.

Слетувањето се случи околу 13.30 часот, а авионот, како што покажа flightradar24, полетал директно од Словачка во 9 часот утрово.

Според истрагата, двајца патници се здобиле со полесни повреди.

Приватниот авион му припаѓа на Прешовскиот аероклуб од градот Прешов во Словачка и, според неофицијални информации, се користи за обука на пилоти.

Би можело да ве интересира

Тешка авионска несреќа во Сибир: Се урна руски воен авион, загинаа 17 лица

ВИДЕО: Два патнички авиони речиси ќе се судреа над Лос Анџелес

Авионска несреќа во Шкотска, има загинати

Детали за авионската несреќа на Алпите: Загина познат бизнисмен

(ВИДЕО) Деца загинаа во авионска несреќа, нивните родители се борат за живот

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот