Драган Ѓукановиќ: Настапот на Рама е отсуство на дипломатски бон-тон

Од:

Потпреседателот на српскиот центар за надворешна политика Драган Ѓукановиќ, оцени дека настапот на албанскиот премиер Еди Рама, на денешната заедничка конфернеција за медиумите, со шефот на владата на Србија, Александар Вучиќ, бил крајно неодговорен и дека има отсуство на дипломатски бон тон.

– Ова денеска што се случи на конфернецијата за медиуми не е ништо неочукувано, имајќи ги предвид ставовите на Албанија за Косово, но сепак е неодговорно, отсуството на дипломатскиот бон тон, кој мора да го има. Иако било договорено темата за Косово да не се споменува, би било подобро до тоа да не дојдеше, изјави Ѓукановиќ.

Тој рече дека и покрај навидум јасната европска официјална намера на Албанија и на нејзиниот премиер Рама, се чини како Албанија сеуште дека живее во минатото и дека доцнат една деценија или две, бидејќи поставувањето на вакви прашања ги нарушува добрососедските оноси.

Рама денеска на конференцијата за новинарите, ја повикал Србија да ја признае независноста на Косово, што е од големо значење за сигурност, не само за регионот, туку и за цела Европа, а може воедно да влијае на бројни стратешки проблеми на Србите и Албанците.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент