Допис во кој српскиот министер Братислав Гашиќ го брани Андреј Вучиќ

Од:

Српски „Телепромптер“ објави спорен допис од министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ кој неодамна бил испратен на адресата на народниот правобранител Сашо Јанковиќ.

Според наводите до него стигнале четири страници одговор од министерот, но во писмото немало ниту еден официјален документ. Во писмото во кое што го демантира полицискиот извештај за тепачката на Кобри и полицијата, во која што учествуваше братот на премиерот, според Јанковиќ, Гашиќ се демантира и себе си.

-Министерот напиша дека ВБА не разговарала со сведоците по настанот. Иако не само што тоа стои во Министерството за внатрешни работи, со идентитет на граѓаните кои што тоа го рекле, туку и министерот сам тоа го кажа на седницата за контрола на одборот-изјави Јанковиќ.

Според него видливо е дека речиси воопшто не се споменува, главниот провокатор во тепачката, братот на премиерот, Андреј Вучиќ.

Документ: Допис до Министерот за одбрана

Документ: Одговор на Министерот

Јанковиќ тврди дека е спорен и ставот на Гашиќ дека полицијата тој ден не формирала никаков кордон и дека не ги спречувала граѓаните слободно да се движат во тој дел од градот.

„Секој кој поминал таму знае што се случувало. На крај постојат и планови за ангажирање на полицијата. Целосно е јасно дека полицајците од Ниш не дошле во Белград поради нешто друго, туку да го обезбедат собирот“-наведува народниот правобранител.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија