Доналд Лу: Повратниците џихадисти се опасност и за нивните матични земји

Од:

Новиот американски амбасадор во Република Албанија, Доналд Лу оценува дека вратените џихадисти претставуваат опасност за своите земји. Тој додава дека САД се загрижени за учеството во конфликтот во Сирија на странски лица кои според него се опасни и по враќањето во своите матични држави.

– Ние работиме со Албанија и другите пријателски држави за намалување на таквите опасности, изјави американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу, веднаш по предавањето на акредитивите на претседателот Бујар Нишани.

Според него, главните приоритети на неговата држава во Албанија се да се поддржат реформите за членство во ЕУ, развој на Албанија како членка на НАТО и давањето на поддршка за развој на демократските институции.

– Од Вашингтон ми дадоа три приоритети: поддршка на реформите кон зачленувањето во ЕУ, развој на Албанија во еден силен сојузник на НАТО, како и помош за зајакнување на демократските институции. Вие знаете дека американските амбасадори се менуваат, но политиката на САД не се менува, изјави Лу во неговата прва изјава по доаѓањето во Албанија.

Тој на чист албански јазик нагласи дека средбата со претседателот Нишани минала во многу срдечна и топла атмосфера, додавајќи дека пред да дојде во Албанија интензивно го учел албанскиот јазик.

Доналд Лу е женет за д-р Ариел Ахарт, познат специјалист од јавното здравство и има две деца, Ајла (9) и Киплинг (13), кои како што изјави, се со него и се многу среќни што се во Албанија. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак