Доналд Лу нов американски амбасадор во Тирана

Од:

Новиот американски амбасадор во Албанија, Доналд Лу заедно со сопругата пристигнаа во Тирана.

Веста ја соошти американската амбасада во Тирана објавувајќи и фотографии од неговото пристигнување на аеродромот „Мајка Тереза“, каде бил пречекан од претставници на амбасадата.

– Придружете ни се и да му посакаме добредојде на Доналд Лу, пишува на веб сајтот на амбасадата.

Доналд Лу доаѓа на местотот на Александер Арвизу, кој во Албанија остана подолго од другите амбасадори поради, поради внатрешната политичка дебата во САД, која го блокира наименувањето на новиот амбасадор Лу.

Пред да пристигне во Тирана амбасадорот Лу преку видео порака, на албански јазик им се обрати на граѓаните на Албанија потенцирајќи ги традиционално добрите американско- албански односи.

Во пораката, на која албанските медиуми и дадоа посебн простор, со акцент дека тој го говори албанскиот јазик, Лу, оценува дека Албанија, како членка на НАТО дава голем придонес и оти заедно ќе работи таа да стане членка на ЕУ.

– Како амбасадор ангажиран сум да ги поддржам напорите на албанскиот народ во изградбата на демократските институции, да ја направиме Албанија што посилен сојузник во НАТО и да работиме со Албанија на нејзиниот пат кон зачленување во ЕУ, изјавил меѓудругото Лу.

Според медиумите тој е добар познавач на состојбите во Балканот.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски