Доналд Лу: Меѓу кандидати има и лица со криминално досие

Од:

Американскиот амбасадор во Тирана Доналд Лу побара од албанските политички партии и институции, од кадидатските листи да ги тргнат лицата со криминално досие.

Како што пренесува допсисникот на МИА, презентирајќи ја амерканската помош за локaлните избори што ќе се одржат на 21 јуни, амбасадорот Лу предупреди дека на кандидатските листи биле идентификувани лица со криминални досиеа, кои веднаш треба да бидат избришани од листите.

– Имаме идентификувано лица со криминално минато и веќе разговараме со политичките лидери и инситуциите и побаравме тие да се отсранат од листите. Задоволни сме што на кандидатските листи има повеќе жени, изјави Лу.

Иако не прецизираше бројка, медиумите наведуваат дека само меѓу кандидатите за градоначалници има најмалку дваесет лица со криминално минато, вмешаност во убиства, шверц со дрога, перење пари.

Според медиумите, вакви лица има и во кандидатските листи на левата и на десната изборна коалиција.

Американскиот дипломат соопшти дека за локалните избори САД ќе ја помогне Албанија со фонд од половина милион евра.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек