Докторот Ненад Цоневски ќе одговара за „екстремна суровост кон животно“

Од:

Доктор Ненад Цоневски, Македонец кој работи во Софија, е обвинет за „екстремна суровост кон животно“, откако со автомобил прегази куче во бугарскиот главен град, објави „24 часа“.

Вознемирувачката снимка од инцидентот предизвика бурни реакции во јавноста. На видеото се гледа како Цоневски со автомобил минува преку кучето Маја, кое лежи на тротоар во софиската населба Расадник, а потоа заминува.

Софиското обвинителство соопшти дека против него е поднесена пријава за „намерна суровост кон животно што резултирало со сериозни повреди“, но не и за убиство, бидејќи кучето било евтаназирано подоцна. Според ветеринарната експертиза, Маја имала сериозни повреди на ‘рбетот и немала да може да ги движи задните нозе, но имала шанси да преживее.

Додека трае истрагата, Цоневски е суспендиран од работното место во Военомедицинската академија во Софија. Оттаму соопштија дека не толерираат никакви облици на насилство и дека целосно соработуваат со истражните органи, вклучувајќи ја и Воената полиција.

Ако судот го прогласи за виновен, Цоневски се соочува со казна затвор од една до пет години.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Мицкоски: Потребни се гаранции од ЕУ – секоја отстапка донесе нов услов