Дојава за бомба во Ректоратот на Приштинскиот универзитет

Од:

Косовската полиција го опколи попладнево ректоратот на државниот универзитет „Хасан Приштина“ (УП) во центарот на косовската престолнина, откако беше добиена дојава за наводно подметната бомба во објектот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ректорот на УП, Насер Саити изјави за медиумите дека станува збор за имејл кој стасал на адресата на УП со закана за експлозија на бомба.

Веднаш по добивањето на информацијата на местото на настанот пристигна анти-минерски тим од полицијата, кој го изолира објектот и дворот на Ректоратот со полициски ленти.

Преку соопштение за јавноста, полицијата и официјално го потврди случајот, додавајќи дека се преземени потребните оперативни дејствија за менаџирање на ситуацијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Обвинителството во Приштина поднесе обвинение против тројца Срби

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Пукотница во Приштина: Убиен е маж, жена е тешко ранета

Ескобар: Загрижен сум за пораките од Приштина

Ховениер: Приштина треба да започне со формирање на ЗСО, ќе има последици ако тоа не го направи

Гренел: Курти ќе ги трпи последиците од едностраните акции

Горан Наумовски