Додик: За мене ќе биде пораз доколку не се најдам на „црната листа“ на САД

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави  дека за него ќе биде пораз доколку неговото име не се најде на „црната листа“ што наводно ја најави амбасадорката на САД во БиХ, Морин Кормак, пренесе Танјуг.

Пред новинарите во Добој Додик изјави дека е апсолутно недостојно една така голема земја, како што се САД, нивниот амбасадор отворено да се меша во внатрешните работи на било која земја, па и на БиХ.

Додик нагласи дека, доколку е точно тоа дека амбасадорката на САД во БиХ најавува „црна листа“ за политичари, тоа за него не е ништо ново.

-Ако не сум прв (на листата), тогаш тоа за мене ќе биде пораз, рече Додик, а пренесоа бањалучките медиуми.

Тој напомена дека пред неколку дена американскиот амбасадор „држеше предавање за тоа како треба да се однесуваат некои политичари“.

-Ние имаме изворен легитимитет и затао апсолутно не ме интересира кога тие ќе не стават на таа листа. Но, тоа се приказни во последните 20 години. Постојано некои листи, постојано нешто, кога и да се случи некој од овие фрустрирани амбасадори да не може да ги оствари своите накарадни идеи, веднаш зборува за некакави листи…., па и нека зборува, тоа е нивен проблем. Но, само доколку е точно тоа што вие го зборувате, а доколку тоа не е точно јас и се извинувам на госпоѓата (Морин) Кормак”, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина