Додик во водство на изборите во република Српска, противкандидатката тврди дека е украдена

Од:

Според прелиминарните податоци на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, кандидатот на СНСД за претседател на Република Српска, води наспроти неговиот противкандидат Јелена Тривиќ (ПДП).

Според овие податоци, врз основа на 527.418 преброени ливчиња, Додик освоил 242.851 глас, а Тривиќ 212.542 гласа.

Кандидатката на ПДП за претседател на БиХ Јелена Тривиќ, изјави дека ова не е само кражба во градовите на кои биле навикнати, туку дека ова е контаминиран процес во цела Република Српска.

Таа рече дека добива повици од луѓе од малите градови кои гласале за неа, но нивните гласови ги нема.

„Ќе дознаеме колку такви места има. Пресвртот се случи во текот на ноќта кога Централната изборна комисија објави дека изборните одбори не ги доставиле резултатите до системот. Ниту тогаш не добивме податоци. Се запре! Дали е нормално Централната изборна комисија да објави дека не добиле никакви податоци од избирачките места. Ќе бараме да се повтори изборниот процес на ниво на цела Република Српска.Тоа е нашата крајна цел.Врз основа на големиот број неточни резултати ќе завршиме со повторување на целиот изборен процес“, коментира Тривиќ, пренесува Дневни аваз.

Би можело да ве интересира

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Обвинителот бара затвор за Додик и 10-годишна забрана за политичка активност

Горан Наумовски

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Додик: Босна и Херцеговина нема шанси да преживее

Додик: Нарушени ми се човековите права, дискриминиран сум и лажно обвинет

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он