Додик: Во Сараево има Центар за спречување на руско влијание

Од:

Претседавачот на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека има информации оти во Сараево, под раководство на Британец, е формиран центар за спречување на т.н. руско малигно влијание, за што од британската Влада добил шест милиони фунти.

– Едно одделение има во Тирана, едно во Подгорица. Тие ги евидентираат луѓето од владините и невладините организации, луѓето во институциите и, колку што знам, на списокот има над 300 луѓе кои шират руско влијание. Веројатно и јас се наоѓам на тој список, изјави Додик за телевизијата „Хепи“.

Според него, Русија во Република Српска има позитивна политика, а тој не е против американската реална политика, туку е против нивното наметнување и мешање во внатрешните работи.

– Не е неоточно дека хрватската разузнавачка служба дејствува во БиХ, како што дејствуваат и германската, британската, американската, истакна Додик.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Полициски специјалци пред Палатата на Република Српска во Бања Лука

Горан Наумовски

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година