Додик: Сегашна БиХ е карикатура што не може да успее

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека ја прифаќа само онаа БиХ која е во дејтонските рамки, но дека таа тоа сега не е, истакнувајќи дека властите во БиХ функционираат само кога странците не се мешаат во внатрешните прашања на оваа држава.


-Тоа е карикатура што не може да успее, рече Додик и порача дека не можат да успеат настојувањата на различните „центри на моќ“ да се дискредитираат тој и Република Српска.


„Имам свои човечки навики и потреби, ја извршувам својата работа во согласност со  законот, страстно и борбено ги штитам интересите на Република Српска на политички план“ рече тој за весникот „Дневни аваз“.


Зборувајќи за парламентарните избори, што во БиХ ќе се оддржат следната година, Додик порача дека тој повторно ќе биде претседател на РС и дека СНСД, на чие чело е, ќе добие најмногу гласови, како и дека член на Председателството на БиХ ќе биде кандидат од неговата СНСД.


Тој оцени и дека на ниво на БиХ најдобор е  постојното парламентарно мнозинство да продолжи со почнатите промени и усвојувања на законите и дека нема да дојде до промени внатре во владеачката „шестка“.


Додик истакна дека за него е најважно странците да не се мешаат во внатрешните прашања на БиХ, бидејќи тоа доведува до апсурд.


-Кога тие тоа не го прават, тогаш властите во БиХ функционираат и усвојуваат четири важни закони. Тоа е резултат на внатрешниот договор и компромис, рече Додик и укажа дека владеачката „шестка“ во партнерските односи овие прашања ги завршила на општо изненадување на странците, а за доброто на БиХ, пренесоа бањалучките медиуми.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина