Додик: Република Српска сака поголема автономија

Од:

Република Српска сака поголема автономија и да и бидат вратени надлежностите што ги имаше со Дејтонскиот договор, изјави претседателот на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, Милорад Додик.

Според него, доколку бидат исполнети овие барања, тогаш Република Српска ќе нема потреба да ја напушта БиХ.

– Тоа не е нејасна, ниту нефер политичка цел, изјави Додик во интервју за загребскиот весник „Вечерњи лист“.

Додик нагласува дека иднината на сите граѓани на БиХ треба да биде насочена кон мирот, бидејќи „е подобро да се живее и ваков тежок живот, отколку да се влезе во хаос“.

– Хаосот и насилството нема ништо да решат. Но, политичките процеси и разбирањето можат да подобрат многу работи, нагласува претседателот на Република Српска.

Според него, би било фер босанските Хрвати да се чувствуваат „свои на своето“, што би се овозможило со создавање на трет хрватски ентитет во Босна и Херцеговина.

Тој оценува дека создавањето на таков трет ентитет, кој би ги имал истите права како што сега ги имаат Република Српска и Федерацијата БиХ, би ја зајакнало позицијата на Хрватите во земјата.

– Јас не сум против никого. Само тврдам дека тоа би придонело за стабилизација на БиХ. На тој начин би добиле три јасни центри на носење одлуки, кои ќе мораат да градат компромис. Тогаш сите би се чувствувале свои на своето, нагласува Додик во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница