Додик: Република Српска нема намера да му се приклучи на НАТО

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека Република Српска не сака да се приклучи кон НАТО и повтори дека нејзината политика останува политиката на неутралност.

По одлуката на Претседателството на БиХ за усвојување на Планот за реформи за НАТО, Додик во интервју за Тасс кажа дека РС е под голем притисок за ова прашање, бидејќи Западот сака сите држави да бидат членки на Алијансата.

-Нивната цел е јасна. Тие тоа го обликуваат така што на државите им зборуваат дека треба да тежнеат кон прием во НАТО, а доколку не го прават тоа тогаш тоа е голем проблем. РС нема намера ја менува својата стратешка определба, а тоа е воената неутралност, рече Додик.

Според него, РС не ја гледа предноста во членството во НАТО како што тоа го прават другите држави, бидејќи минала низ бомбардирања од НАТО.

Додик додаде дека Русија останува последниот меѓународен играч на Балканот, што се придржува и го брани меѓународното право во регионот.

-Се смета дека Русија ја фаворизира Србија, меѓутоа Русија им предлага проекти и на Хрватите и на Бошњаците, а тие ги одбиваат, бидејќи на не соработка со неа се одлучуваат поради западниот страв рече Додик.

Би можело да ве интересира

Шекеринска: Западен Балкан мора да внимава на зборовите – тие можат да бидат поопасни од оружје

А1он

ВИДЕО: Тензично во Сараево по неуспешниот обид за апсање на Милорад Додик

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

Во сообраќајка загина пратеникот во Собранието на Република Српска, Срѓан Тодоровиќ

Горан Наумовски

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“