Додик: Претерано е се она што им се прави на Србите на Балканот

Од:

Претседателот на Република Српска и новоизбран член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик во интервјуто за белградскиот весник „Ало“ оцени дека е претерано се она што им се прави на Србите на Балканот.

– Во Македонија и Црна Гора ни се одземмаат црквите. Во Хрватска се фалсификува историјата, се слави Степинац и се напаѓа Александар Вучиќ, чија политика ја поддржувам, изјави Додик.

Според него, Албанија и Косово се интегрираат со премолчена поддршка на Западот, додека од Германија порачуваат дека Косово е завршена приказна.

– Не може човек кој сериозно се занимава со политиката, да не го уважи она што она што мисли (германската канцеларка) Ангела Меркел, но она што Германија го застапува, не е коректно и не е фер кон Србија, вели Додик во интервјуто за „Ало“.

Би можело да ве интересира

Додик: Ќе продолжам да победувам во Република Српска

Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Додик: Република Српска не го загрозува мирот во Босна и Херцеговина, се друго е лага