Додик: Наша цел е државно единство меѓу Република Српска и Србија

Од:

Една од целите што треба да ги остварат Србите е создавање на државно единство меѓу Република Српска и Србија и за тоа не смееме да се колебаме, изјави денеска претседателот на српскиот ентитет во БиХ, Милорад Додик.

– Колку тоа некому да не му се допаѓа или некого да навредува, тоа е српска национална идеја, не на оваа или следната година, туку на овој век. На многумина од ова им се крева косата на главата, но ние имаме историско право на тоа, изјави Додик во обраќањето на Конференција за усташкиот логор Јасеновац, што започна денеска во Бања Лука.

Додик истакна дека би сакал тоа обединување да се реализира и да успеа. – Можеби не во текот на мојот живот, но верувам дека тоа ќе се случи во некој подоцнежен период, додаде претседателот на Република Српска.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он