Додик најави нова безбедносна стратегија на Република Српска

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска најави дека овој ентитет, по немилите настани во Зворник, кога еден полицаец беше убиен, а двајца ранети, ќе развие нова стратегија на безбедносните структури, пренесе Танјуг.

Тоа, како што кажа, значи дека РС ќе соработува со органите за безбедост во Федерацијата БиХ, Хрватска и Србија бидејќи борбата против тероризмот не може да биде изолирана.

-Координацијата и соработката со сите позитивно ориентирани структури е добредојдена, а овде во Србија ја препознавме таа апсолутна подготвеност и соработка, рече Додик на заедничката прес конференција со српскиот претседател Томислав Николиќ, веднаш по разговорот на кој, како што се наведува, присуствувал и премиерот Александар Вучиќ.

Додик напомена дека денешната средба со претседателот Николиќ и премиерот Вучиќ всушност беше дел од редовните консултации, а на дневниот ред се најде и прашањето за безбедноста, особено по терористичкиот напад во Зворник.

-Во рамки на нашите овластувања соработуваме на прашањето на размената на информации, прашањата што се однесуваат и на борбата против тероризмот и заеднички ќе направиме на сите можни начини да му се спротивставиме на ширењето на тероризмот, наведе Додик.

Ова особено што Зворник, како што кажа, се наоѓа на Дрина, на самата граница со Србија.

Додик напомена и дека терористот кој пукаше врз полицајците е припадник на еден народ, но тоа не значи дека цел народ е таков.

-Ние со народот во БиХ мораме да соработуваме за да му се спротивставиле на ширењето на иделологијата на екстремниот радикализам и да влијаеме на намалувањето на опасноста од него, рече Додик.

Република Српска, додаде, има свои овластувања во областа на полициските структури, но  укажа дека во овој ентитет некои надлежности се „грабнати“  и пренесени на ниво на БиХ, како што се правосудството и безбедноста

-Во областа на тероризмот надлежност има единствено СИПА, рече Додик и додаде дека е очигледно дека РС не располага со доволни податоци за нивната работа.

Претседателот на РС, меѓутоа, забележа дека во БиХ не постои политичка волја надлежните да се спротивстават на различните форми на идеологии на екстремниот тероризам, што, како што кажа, можеме да ги видиме и на овој настан што некои се обидоа и поинаку да го прикажат.

Затоа, истакна Додик, Србија и Република Српска мораат да водат заедничка битка за вкупната безбедност на целиот регион, што е разбрануван со настаните кои ја нарушуваат неговата безбедност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина