Додик му се закани на „американскиот функционер“ дека ќе го избрка од Бања Лука

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска му се закани на неименуван „американски функционер“ дека ќе биде протеран од Бања Лука поради неговите наводни активности.

„Информациите што ги имаме говорат дека некој шеф на американската канцеларија посетува банки, посетува фирми, им се заканува и прави обид да ја дестабилизира ситуацијата, деновиве ќе биде предупреден да не го прави тоа. Доколку продолжи, ќе биде избркан од Бања Лука, без разлика дали се работи за американски функционер“, изјави Додик по седницата на Претседателството на СНСД.

САД неодамна ја прошири листата на санкционирани лица во Република Српска, а во листата на санкционирани лица се најде и името на синот на Милорад Додик, Игор и фирмите поврзани со него.

Компаниите кои продолжуваат да работат со компании кои се на американските црни листи ризикуваат да бидат санкционирани самите, што може да доведе до затворање на банкарски сметки.

Би можело да ве интересира

Против Додик е поднесена кривична пријава за навреда на Бошњаци

А1он

Додик: Интерпол рече дека тоа е политички прогон, но тоа не е доволно за политичко Сараево

Интерпол повторно одби да издаде потерница по Додик

Додик: Шмит ја води БиХ во авантура и затоа државата се распаѓа

Додик: Источно Сараево е нашата стратешка област

Додик му порача на Сараево: Екстрадирајте го Шмит во Српска и ќе ја решиме кризата во БиХ