Додик: Ќе донесеме одлука дека БиХ не го признава Косово

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, денеска изјави дека му е благодарен на неговиот хрватски колега Жељко Комшиќ што го изнесе прашањето за признавање на независноста на Косово пред Претседателството на БиХ, бидејќи на тој начин БиХ ќе има официјална одлука да не го признава Косово.

– Комшиќ направи феноменална работа за нас. Ќе имаме одлука БиХ да не го признае Косово и официјално и конечно, изјави Додик за порталот Српскаинфо.

Како што објасни, нема друг начин БиХ официјално да заземе став за Косово, без некој да го покрене прашањето за признавање во Претседателството на БиХ.

– Ќе беше глупаво јас да го сторам тоа, па да да гласам против, рече тој.

Додик додава дека сметал дека прашањето за преместување на амбасадата на БиХ во Ерусалим е мала цена за големата корист што БиХ може да ја добие од САД, на кои израелското прашање им е константа во надворешната политика.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски