Додик има план за мирна разделба во БиХ

Од:

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, откри дека има план според кој сите што живеат во Босна и Херцеговина во одреден момент ќе посакаат „мирна разделба“, што би било доволна причина за распадот на таа земја и независноста на Република Српска.

Во интервју објавено од бањалучкиот весник „Глас Српске“, близок до властите на ентитетот, Додик повторно тврди дека никогаш не се залагал за отцепување, односно за насилно отцепување на РС од БиХ, туку дека сака таа земја да се „распадне по договор“.

„Повторно ќе кажам дека мирната разделба е најдобрата опција“, рече Додик, презентирајќи ја тезата дека нема причина да се биде роб на концептот на Дејтонскиот договор, чија суштина е зачувување на Босна и Херцеговина како единствена држава.

Тој вели дека САД вршат притисок врз политичкото раководство на босанските Срби, бидејќи тие наводно се плашат дека „200 илјади луѓе ќе излезат на улица и ќе кажат дека сакаат независна држава (РС)“.

Би можело да ве интересира

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Нов тест и криза: Собранието на Српска можно е да му забрани на Милорад Додик да оди во Судот на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ

Додик: Стигнав во моето село, ви благодарам на сите за поддршката

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он