Додик и Човиќ договорија формирање влада на државно ниво во БиХ

Од:

Делегации на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) и на Хравтската демократска заедница (ХДЗ БиХ) денеска во Мостар се договорија двете партии да бидат главнината на власта на државно ниво во Босна и Хервефовина и да соработуваат во воспоставувањето на власта на ниво на ентитетите и кантоните.

– Клучните прашања се решени, сега треба да се профилира претставникот на Бошњаците, изјави претседателот на СНСД, Милорад Додик, веднаш по средбата во Мостар.

Додик нагласи дека партнерството меѓу ХДЗ БиХ и СНСД трае долги години и дека ќе продолжи и во иднина, изразувајќи уверување дека соработката  ќе биде воспоставена и на ентитетско и на кантонално ниво.

Тој најави и дека утре во Зворник СНСД ќе склучи договор за формирање на власта во Република Српска со коалициските партнери, Социјалистичката партија (СП) и Демократскиот народен сојуз (ДНС),

Лидерот на Хрватите во БиХ, Драган Човиќ, од своја страна, изјави дека ХДЗ БиХ, СНСД. како и третата, бошњачка, победничка партија – Партијата за демократска акција (СДА), ќе ја сочинуваат власта на сите нивоа, потсетувајќи дека вчера веќе разговарал со лидерот на СДА, Бакир Изетбеговиќ.

И Додик и Човиќ сметаат дека власта на сите нивоа ќе биде формирана во што е можно поскоро време и тоа на ниво на РС и во кантоните до крајот на ноември, а на ниво на БиХ до крајот на годината

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина