Додик: Да се зајакнат безбедносните и разузнавачките структури на РС

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави денеска дека не може да биде спокоен поради можноста за активирање на радикалниот ислам во Босна и Херцеговина и порача дека ќе стори се за да се зајакнат безбедносните и разузнавачките структури на РС, јави Танјуг.

Тој рече дека БиХ не дава доволно силен одговор на појавата на радикалниот ислам.

– Комуникацијата на земјите во регионот во врска со тоа прашање мора да биде зајакната, посебно по неодамнешниот напад врз вработените во францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“, наведе Додик.

Според него, во БиХ разузнавачките структури евидентирале 3.000 т.н. „спијачи“, односно потенцијални борци на радикалниот ислам, поради што во Босна и Херцеговина, „никој не може да затвори очи и да каже оти проблемот не постои“.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина