Додик: БиХ е институционален монструм

Од:

Федерацијата на Босна и Херцеговина мора да постигне договор за случајот со пресудата „Сејдиќ-Финци“, бидејќи тој ентитет поради својата нефункционалност се повеќе ја чини Република Српска, изјави денеска претседателот на РС Милорад Додик, нарекувајќи на БиХ „институционален монструм“, чии институции се неефикасни.

Додик во Бања Лука порача дека РС „останува во дијалог“, иако јасно го прецизираше својот став за одлуката на Европскиот суд за човекови права за тој случај и чека за тоа да се договорат и партнерите во Федерацијата БиХ.

– Можевме да влезе во Парламентот пред една година или повеќе и тоа прашање да го завршиме, изјави Додик и наведе дека поради неможноста за постигнување договор за пресудата „Сејдиќ-Финци“ постои застој на европскиот пат, но оти одлуката не е во рацете на РС, туку во договорот на ниво на Федерацијата БиХ.

Во пресрет на утрешниот состанок на политичките лидери во БиХ во Брисел, Додик наведе дека заминува на тој состанок, за да слушне дали постои напредок и додаде дека е „очигледно дека РС се повеќе забележува загуби поради несредената ситуација во Федерацијата и на политички и на економско-финансиски план“.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски