Додека цела Србија ја барала Данка, осомничените се однесувале како ништо да не се случило – оделе на работа , шетале низ селото

Од:

Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот кај Бор, осомничен дека е соучесник во убиството на Данка Илиќ (2), по која се трагаше 10 дена, се однесувал како ништо да не се случило по монструозното злосторство, велат мештаните од неговото село.

Од 26 март кога девојчето исчезна, па се додека полицијата не го привела, тој делувал потполно смирен и ги извршувал своите вообичаени активности и мештаните го гледале низ селото.

-Го видовме деновиве, нормално одеше на работа, враќајќи се од работа. Изгледаше нормално, не оставаше впечаток дека е загрижен или возбуден. Буквално не забележавме дека е поинаку од вообичаено – раскажуваат шокирани жители на Злот.

Додаваат дека Дејан важи за „затворен тип“ и дека не се дружел многу со соседите.

– Сака многу да пие, тоа не е тајна. Често бил пијан. Сепак, никогаш не ни падна на ум дека може да направи вакво нешто. Дури и случајно да удри дете со автомобил, зарем не е хумано и логично да го однесете во Итна помош, а не да го фрлите во депонија?! Не ни се верува за каков мозок се работи – зачудено велат мештаните на Злот.

Жителите на борското село Лука, каде што е уапсен Срѓан Јанковиќ (50), кој бил зад воланот на „фиатот“ на смртта, велат дека се згрозени од тоа што го направил нивниот сосед.

-До пред една година важеше за чесен човек, но пред една година почна да прави некои неубави работи низ селото и за него се зборуваа секакви работи. Како што слушнавме, поради тоа и сопругата го напуштила – вели жител на селото Луке и додава:

– Во последните неколку дена, откако Србија почна да ја бара исчезнатата Данка Илиќ, тој не излегуваше од дома. Порано често седеше пред селските дуќани, а последниве десет дена никој не го виде таму, што ни беше чудно, бидејќи тоа му беше секојдневие. Мислевме дека тоа е затоа што отпатувал некаде, но пред некој ден го видовме како оди на работа.

Жителите на двете борски села велат дека не знаат каква казна би била соодветна за тоа што го направиле нивните соседи.

– Сега и смртната казна им е мала – велат мештаните.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот на осомничените за убиството на Данка – телото на девојчето се уште не е најдено

Анита Петровска Рајковиќ

Истражителите од случајот „Данка“ ги чекаат резултатите од вештачењето на ДНК материјалот

Горан Наумовски

Осомничените убијци на Данка одат на психијатриско вештачење

Правна игра на таткото на убиецот на малата Данка, сега бара нов адвокат

Родителите на Данка плачеа додека дава исказ во Обвинителството

Родителите на убиената Данка: Се е лага, монструмите се уапсени, но се уште не ја знаеме вистината