Дезинформација е дека Македонци масовно се вакцинираат кај нас, тврдат српските здравствени власти

Од:

Државниот секретар во српското Министерство за здравство, Мирсад Ѓерлек, категорично ги отфрли наводите оти луѓе од Северна Македонија масовно се вакционирале против коронавирусот во градовите во јужна Србија, се дезинформации.

Ѓерлек вели дека странците кои имаат место на престој во Србија или оние кои се во постапка на добивање престојувалиште, можат да се пријават за вакцинирање преку системот еУправа.

„Сепак, сите мораат да се придржуваат до приоритетите. Нема да се откажуваме од оперативниот план. Здравјето и животите на нашите сограѓани ни се на прво место,“ рече Ѓерлек.

На прашањето дали странци доаѓаат во Србија и плаќаат за вакцинацијата, високиот функционер рече дека станува збор за дезинформација и дека се работи за луѓе кои имаат двојно државјанство.

„Луѓето од ИТ секторот во Владата на Србија строго водат сметка за тоа. Приказните за масовно појавување на луѓе од Северна Македонија кои се вакцинираат, се дезинформации. Постојат луѓе кои имаат двојни државјанства и го користат тоа право. Постојат поединечни случаи, но тоа е занемарливо. Да се зборува за масовна вакцинација на луѓе е дегутантно,“ рече Ѓерлек, додавајќи дека тој лично ја поддржува изјавата на претседателот Александар Вучиќ дека ако има можност, треба да им се помогне на соседите со вакцини.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне

Во Србија запленета голема количина на дрога