Дежер: Патот кон ЕУ нема да биде лесен

Од:

Владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, финансирање на медиумите и почитување на малцинските права се задачите кои што Србија треба да ги исполни на патот кон ЕУ.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Венсан Дежер изјави дека патот на Србија кон ЕУ нема да биде лесен, бидејќи таква е природата на процесот, но пораката е јасна „ЕУ ја сака Србија во своите редови“.

-Не е лесно да се приклучи кон ЕУ, тоа е многу тешка задача, не затоа што ги менуваме нашите цели, туку затоа што учиме од искуствата. Тоа е во интерес на Србија, но и на нејзините граѓани-додаде тој.

Според него потребно е нормализирање на односите во регионот.

-Кој можеше да замисли дека Тачи и Дачиќ ќе се сретнат на редовна основа? Тоа е начин на кој ЕУ функционира-истакна Дежер.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија