Девојка од Србија е претепана од пријатели со кои дошла на Крит

Од:

Девојка по потекло од Србија e претепана од пријатели од Франција со кои дошла на островот Крит на одмор. Откако успеала да им побегне на насилниците отишла да го пријави случајот во полициската станица во Херсонисос.

Неименувана девојка пријавила дека ја претепале тројца мажи од Франција, кои по инцидентот исчезнале и оттогаш полицијата интензивно трага по нив, пишува Cretalive.gr.

Според информациите, државјанка на Србија со возило на Брза помош била пренесена во болница, каде што била прегледана по нападот. Според првичните информации таа се здобила со бројни видливи повреди по телото, меѓу кои и скршеница на носот.

Србинка и тројца мажи од Франција дошле на Крит на 3 август и според грчките медиуми утре требало да го напуштат популарното летувалиште.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Влае: Ученик нападнал наставници, кршел инвентар и истепал соученици

Горан Наумовски

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Едно лице повредено, наредена евакуација на четири населени места на Крит поради пожар

Четворица мажи се истепале во центарот на Скопје

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

(ВИДЕО) Хаос во Цетиње: Се степаа пратениците во црногорското Собрание

Горан Наумовски