Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Од:

Во Грац е покренато обвинение против 14-годишно девојче кое беше уапсено во мај за планирање терористички напад со нож во Грац.

Станува збор за девојче по потекло од Црна Гора. Во Германија е уапсено уште едно лице кое го планирало овој терористички напад со неа.

Кај 14-годишното девојче е пронајден пропаганден материјал на Исламската држава, но и нож и секира, а полицијата ја пронашла преку активности и разговори на социјалните мрежи, јавуваат австриските медиуми.

Нападот бил планиран во центарот на Грац, а таа имала намера по случаен избор да ги избере жртвите, „неверници“. Таа испратила слики од нејзините планови за напад преку Телеграм до истомисленици. Откако ќе нападнела што повеќе луѓе, таа планирала самоубиство. Полицијата не знаела кога точно требало да се случи нападот.

„Кронен цајтунг“ пишува дека станува збор за девојче од Црна Гора која живее во Грац, но се уште нема австриско државјанство, пишува Јутарњи лист. Во куќата во која живеела и биле одземени оружје, облека и компјутер со податоци, а истражителите таму пронашле и пропагандни материјали на Исламската држава, со бројни видеа од борби и егзекуции.

И покрај бројните докази, девојчето не признало дека го планирала нападот, а се чини дека нејзините родители не знаеле ништо за тоа со оглед дека биле шокирани од сознанието за нивната ќерка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Приведен е старецот кој со нож ги нападна студентите во Нови Сад

А1он

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски