Девојче кое е тешко повреденo во експлозија на плинска боца, ќе се лекува во Шведска

Од:

Од четиринаесетте повредени во вчерашната експлозија на плинска боца во селото Кчиќ во општина Косовска Митровица, четворица префрлени на Одделот за интензивна нега на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Приштина се во тешка состојба.

Од оваа косовска здравствена установа изјавија дека во тешка состојба е и десетгодишна државјанка на Шведска која од утре ќе продолжи со лекување во специјализиран центар за изгореници во Шведска.

Десетгодишната шведска државјанка ќе биде префрлена во родната земја, бидејќи како што изјавија лекарите од приштинскиот Универзитетски клинички центар немаат соодветни услови, опрема и стручен персонал.

До несреќата дошло од неисправна плинска боца која експлодирала во момент кога во куќата биле сите членови на семејството.

Би можело да ве интересира

Лидерот на Српската демократија денеска е уапсен во северниот дел на Косовска Митровица

Горан Наумовски

Алармантно кај мостот на Ибар: КФОР трупа сили

Двајца Срби биле претепани во Косовска Митровица

13 повредени во експлозијата кај Косовска Митровица: Меѓу нив има и деца

Горан Наумовски

Полицијата употреби огнено оружје во Косовска Митровица при обид за апсење

Горан Наумовски

Експлозија во северниот дел на Косовска Митровица: Детонацијата ги разбуди луѓето, шрапнели ги оштетија прозорците