Деветти протест во Белград, демонстрантите побараа ослободување на уапсените од немирите во неделата

Од:

Граѓани по деветти пат протестираа пред зградата на Републичката изборна комисија во Белград, поради како што велат, бројни изборни неправилности. Од таму, отидоа кон Палатата на правдата, а во фокусот на протестот беа и апсењата на граѓани по немирите во неделата кога со предмети се удираше кон градското собрание на Белград, а меѓу кои има и студенти, за кои побараа ослободување.

Лидерите на опозицијата, која го организира протестот порачаа дека нема да остават ниеден граѓанин на милост и немилост на како што ја нарекуваат „полицијата на Вучиќ“.

Организаторите на протестот повикаа и утре да се излезе на улиците, најпрво како поддршка на студентите на пладне, а потоа и нов протест пред Републичката изборна комисија во 18 часот.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина