Девет Египќани завршија пред грчки суд за минатонеделниот смртоносен бродолом на мигранти

Од:

Деветмина Египќани обвинети дека биле дел од синџирот на трговија со луѓе, кој според грчките власти е одговорен за еден од најтешките бродоломи со мигранти во Средоземното Море, денеска се појавија пред судот во јужна Грција на распит за нивната наводна улога во катастрофата.

Девет од нив беа обвинети за учество во криминална организација, убиство од небрежност и предизвикување бродолом, пренесе АП.

Сослушувањето се одржа во јужниот грчки град Каламата.

Според некои проценки, повеќе од 500 луѓе се водат како исчезнати во минатонеделното потопување на дотраен рибарски брод, кој превезувал до 750 луѓе од Либија во Италија.

Девет преживеани Сиријци и Пакистанци, наводно, ги идентификувале осомничените вклучени во чамецот во текот на викендот.

Досега се пронајдени 81 тело, а спасени се 104 лица, од кои сите се мажи.

Спасувачката операција продолжува, но шансите за преживеани се исклучително мали.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он