Граѓанскиот протест во Љубљана, под име Сесловенечко востание против политичката и систематската корупција во Словенија, претпладне собра околу илјада луѓе во центарот на градот, каде пред државните и европските институции се поставени заштитни огради.
Граѓанските здруженија имаат шест барања, меѓукои и политичарите во рок од шест месеци да побараат доверба на избори како и донесување на мерки против системската и политичката корупција.
На протестот се бара и контрола врз трошењето на државни пари и контрола при изборот на кадри на сите нивоа, како и во јавните претпријатија. Протестот се одвива мирно.