Десет лица се повредени, од кои двајца потешко во судир на автобус и трамвај во Белград.
Несреќата меѓу автобусот на линијата 50 и трамвај на линијата девет околу шест часот.
На местото на несреќата се четири екипи на Брза помош и полиција. Истрагата е во тек, јавува РТС.
Во несреќата на Вождовац од силината на ударот пукнале сите стакла на автобусот.
Бета јавува, повикувајќи се на итната помош, дека трамвајот излетал од шините и се судрил со автобусот.