Дендиас на средби со Ердоган и со Чавушоглу во Анкара

Од:

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас денеска во Анкара ќе биде примен од претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, а ќе се сретне и со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Средбата Чавушоглу – Дендиас беше најавена уште минатиот месец и закажана за 14 април, меѓутоа поради вчерашниот вонреден состанок на министрите за надворешни работи и одбрана на НАТО се одложи за денеска, додека, пак, за средбата на шефот на грчката дипломатија со турскиот претседател, информираа доцна синоќа од Министерството за надворешни работи на Грција.

Дендиас ќе биде во придружба на заменик-министерот за надворешни работи надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис, а на средбата со Чавушоглу, како што соопштија од грчкото МНР, ќе се „разгледаат билатералните односи, како и регионални и меѓународни прашања“.

Пред да замине за Анкара, Дендиас ќе учествува на трилатералната средба на министрите за надворешни работи на Грција, Кипар и Либан која ќе се одржи во грчкото МНР.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

(ВИДЕО) Млада Турчинка ги истетовира очите на Ердоган на своето чело

Ердоган: Трамп прави погрешни пресметки во однос на Појасот Газа

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот