Дендиас испратил писмено барање до Борел за вонреден состанок на Советот на МНР на ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, вчера испратил допис до Високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, за, и на официјален начин да побара свикување вонреден состанок на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ за ситуацијата во бегалското/мигрантското прашање, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според истите информации, како што јави дописничката на МИА од Атина, Дендиас денеска телефонски разговарал со неговите колеги од Хрватска, Словачка, Естонија, Кипар и Бугарија, но и со амбасадорот на САД во Атина, околу случувањата со бегалците и мигрантите.

Во петокот пак, како што објави АНА-МПА, во грчкото МНР бил повикан турскиот амбасадор.

Шефот на грчката дипломатија, вчера имаше телефонски разговор со Борел околу барањето на Атина, кое беше и официјално доставено.

Освен со Високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Дендиас, како што вчера објави МИА, според грчки дипломатски извори, за ситуацијата со мигрантите и бегалците, ги информирал и министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Австрија, Бугарија, додека пак завчера разговарал со неговиот колега од Турција

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто