Дендиас и Чавушоглу подготвени да соработуваат, договорена средба Мицотакис- Ердоган

Од:

Продлабочување на економската соработка, взаемно признавање на сертификатите за вакцинација, но и средба Мицотакис- Ердоган, беа дел од темите за кои разговараа и се договорија министрите за надворешни работи на Грција и Турција Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу на нивната денешна средба во грчкото МНР.

Грчкиот премиер и турскиот претседател, како што најавија Дендиас и Чавушоглу, ќе се сретнат на маргините на следниот НАТО Самит на 14 јуни.

Дендиас и Чавушоглу, во изјавите по нивната средба соопштија дека се договориле за взаемно признавање на ковид сертификатите за да се овозможат патувања меѓу двете земји, станало збор и за економската соработка, а двете страни изразија подготвеност за продлабочување на односите.

-Целосно сме свесни за различните позиции, а за доста сериозни теми и дијаметрално спротивните позиции што ги имаме ние и Турција. Целта на нашата денешна средба беше да се обидеме да воспоставиме процес на првично согласување, и ако е можно, постепено нормализирање на ситуација на подолг рок, рече Дендиас.

Чавушоглу истакна дека постои политичка волја од страна на Турција и изрази задоволство што „гледаме дека постои иста таква политичка волја од Грција“.

-Јасно е дека постојат многу нерешени теми, кои чекаат решавање и и двајцата веруваме дека основа треба да биде почитувањето на правото и заедничките интереси. Ние, како Турција сакаме да можеме да ги продолжиме нашите односи со Грција, без предуслови, без услови и заедно со мојот колега, Никос Дендиас се согласивме дека ќе продолжи оваа многу позитивна соработка, рече Чавушоглу.

Додаде дека на средбата на замениците министри од двете земји во Кавала за време на викендот, биле договорени 25 точки „преку кои ќе може да се зголеми соработка меѓу двете земји во економијата и трговијата“.

Дендиас и Чавушоглу не испуштија да ја споменат и вчерашната победа на турски Анадолу Ефес и освојувањето на Евролигата.

На крајот од изјавата, Дендиас му честиташе на Чавушоглу за шампионската титула, додека пак турскиот министер неговата изјава ја почна токму со освојувањето на Евролигата заблагодарувајќи му се на неговиот грчки колега што ја забрзал вчерашната неформална вечера за да може да го следи натпреварот.

Шефот на турската дипломатија, утрово беше примен од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а по средбата, заедно со Дендиас од премиерската палата се упатија пеш кон грчкото МНР што е на оддалеченост од околу 500 метри.

Би можело да ве интересира

Чавушоглу: Турција е попозитивна за влезот на Финска во НАТО

А1он

Дендиас: Апсолутно сум добро, со две гребнатини од падот

А1он

Чавушоглу: Турција нема да дозволи Грција да ги прошири своите територијални води во Егејското Море

А1он

На Дендиас му се слошило за време на литургија на Света Гора

А1он

Дендиас во дводневна посета на Света Гора, прва на грчки МНР по пауза од 11 години

Дендиас во Тирана: Во Хаг ќе се реши прашањето за морската граница

А1он