Чавушоглу: Турција е попозитивна за влезот на Финска во НАТО

Од:

Турција попозитивно гледа на Финска за разлика од Шведска како кандидат за НАТО, изјави во Будимпешта турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– Претходно рековме дека гледаме попозитивно на кандидатурата на Финска, но НАТО сака истовремено одобрување на пристапот на двете земји, посочи Чавушоглу на заедничката прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Според Чавушоглу доколку има одлука одделно да се разгледуваат барањата за прием во НАТО, тогаш ставот на Турција во однос на Финска ќе биде попозитивен.

Тој повтори дека Турција нема да се согласи за членство на Шведска и Финска во НАТО, сè додека не се исполнат барањата на Анкара напишани во трилатералниот меморандум.

– Не можеме да кажеме да за нивното членство во НАТО додека не се исполнат нашите барања. Во сегашниот амбиент, Парламентот нема да го ратификува тој протокол, посочи Чавушоглу.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Финска очекува поддршка од Турција за влез во НАТО

Ана Ололовска

ВИДЕО: Југоисточна Турција погодена од големи поплави

Горан Наумовски

(ВИДЕО) По земјотресот, Турција зафатена од поплави, има и загинати

Турција наскоро ќе го одбори влезот на Финска во НАТО

Ердоган закажа парламентарни и претседателски избори за 14 мај

Горан Наумовски

Нов земјотрес во источна Турција