Демонстрантите во Софија бараат оставка од Христов: „Гаспром ги спонзорира руските војници“

Од:

Демонстрантите бараат оставка од вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија, Росен Христов, јави дописникот на МИА од Софија.

Претседателот на БОЕЦ, Георги Георгиев најави дека блокадата ќе продолжи до доцна во ноќта и ги предупреди полицајците, кои ја чуваат зградата на бугарската Влада да не се обидуваат да ја уништат, бидејќи ќе преземат сериозни мерки.

Демонстрантите извикуваат „Ова не е Москва“ и „Оставка“, а на транспарентите пишува „Гаспром ги спонзорира руските војници“ и „Варвари, Путин е убиец“.

– Наместо сегашната Влада на Бугарија да ги преземе сите неопходни активности за да може нивната земја да ги реализира другите алтернативи, таа ја внесува земјата во убиствената прегратка на „Газпром“, нагласи Георгиев.

Демонстрантите скандираа и „Радев надвор“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

Студентите ја прекинаа блокадата на РТС

А1он

Протести и контрапротести во Њујорк

„Да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата“ – порачаа родителите на загинатите во „Пулс“ на протестниот марш во Кочани

Земјотрес во Бугарија

Осми ден од блокадата на РТС, јавниот сервис емитува програма по изменет распоред

Горан Наумовски