Демонстрациите во Бугарија продолжуваат и вечерва, незадоволните граѓани се собираат во центарот на Софија

Од:

Незадоволните бугарски граѓани започнаа да се собираат во центарот на Софија за да го искажат својот револт кон премиерот на државата како и кон „неговиот корумпиран кабинет“, како што изјавија тие за националната бугарска телевизија Нова.

Ова е 41-та ноќ откако започнаа антивладините протести ширум земјата.

Додека демонстрантите се собираат во главниот град, во исто време, во Стара Загора беше организиран настан во кој учествуваа околу 50 автомобили кои поминаа низ центарот на градот и неколку минути по 19 часот пристигнаа на аеродромот, по што го блокираа патот Стара Загора – Хасково.

Бугарските медиуми пренесоа дека во подоцнежните часови, во Софија се очекува да биде блокирана крстосницата пред романската амбасада.

На истото место, минатата ноќ беше уништен автомобил на мајка со две деца која се обиде да ја пробие блокадата, а по инцидентот беа уапсени три лица.

Автомобилот остана блокиран долго време, пред да дојде полицијата, која успеа да го изнесе надвор од толпата.

Денес, демонстрантите ја обвинија жената за провокација затоа што насилно упаднала во блокадата и ги навредувала. Жената, пак, ги обвини демонстантите за агресија и за кршење на нејзините права.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Приведен е старецот кој со нож ги нападна студентите во Нови Сад

А1он

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

ВИДЕО: Демонстрантите во Нови Сад удираат и понижуваат постара жена

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии