Целта на предлогот, според Делавекурас, е да даде нов моментум во разговорите за името, чија крајна цел би било изнаоѓање взаемно прифатливо решение. Очекува позитивен одговор од македонска страна.
„Меморандумот за разбирање што го предлагаме не е замена за Времената спогодба. Времената спогодба, како што е наведено во нејзините одредби, е договор што ќе биде во сила сè додека една од страните не се повлече. Поради тоа, сè уште е во сила. Покрај тоа, чекорот што ние го правиме во овој момент е еден позитивен чекор чија цел е да даде моментум на процесот. Она што сакаме да го видиме е владата на соседната земја да одговори позитивно. Во заеднички интерес е за двете земји да постигнеме решение и поради тоа треба да комуницираме. Очигледно е дека треба да комуницираме врз основа на фундаментални параметри за она што дискутираме, за резултатот по кој трагаме: изнаоѓање заедничко прифатливо решение за името. Ова е јасно наведено во предложениот Меморандум и би сакал да верувам дека ќе добиеме позитивен одговор, бидејќи ќе биде од корист за двете земји”, рече Делавекурас во четвртокот на брифинг со новинарите.