„Навредливите испади од Скопје, само неколку дена откако новата влада почна да функционира, не помагаат да се создаде клима за постигнување на заедничко прифатливо решение“, изјави денеска портпаролот на грчкото министерство за надоврешни работи Грегорис Делавекурас, како одговор на изјавата на премиерот Никола Груевски дека Грција врши политички геноцид.
„Напротив, тие ги поткопуваат билатералните односи и поттикнуваат систематски владина пропаганда која има за цел јавното мислење во БЈРМ да се сврти против Грција“, рече Делавекурас.
Според него, брзото решавање на спорот околу уставното име на Македонија низ разговори е цврста желба на Грција.
Делавекурас кажа дека со постигнувањето на решение ќе се даде импулс на билатералните односи и на евроатланстската перспектива на земјата.