Дечев: Се креираат тензии и се премолчуваат ставови за спорот меѓу Софија и Скопје

Од:

Постоат премолчувања и изобличување на позициите на бугарските историчари и други научници за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, а медиумите се користат за зголемување на тензиите, оценува Стефан Дечев, бугарски историчар и професор по историографија на Софискиот и на Универзитетот во Благоевград.

– Уште кога започна разговорите за историјата во Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, бугарската страна тргна од погрешна позиција: дека речиси целата вистина е на бугарска страна, а македонската страна треба да ја препише бугарската историја до 1944 година. Од македонска страна, пак, постоеше надеж дека би можела да се извлече од разговорите за минатото. И тоа на крајот доведе до бугарската позиција, како и до очигледната решеност на Софија да го искористи овој момент и почетокот на преговорите со Северна Македонија за да се обиде да наметне агенда блиска до нејзините позицииа. Тоа е премногу тешко, бидејќи не е можно да се објасни дека сите народи во Европа се „природни“, а само македонската нација и македонскиот јазик се вештачки. Дека тие настанале во 1944 година, а целата претходна историја е само бугарска, изјави Дечев во интервју за бугарската редакција на Дојче веле.

Тој потврдува дека политичките цели што владата во Софија ги спроведува со блокадата на Скопје го одразува широко распространетото расположение меѓу луѓето во Бугарија, но, според него, тоа само по себе не треба да се претвора во државна политика.

– За жал, луѓето кои се занимаваат со односите на Бугарија кон Северна Македонија – и на политичко и на таканаречено „експертско“ ниво, се чини дека донесоа преуранети решенија. Тие дури ги користат централните бугарски медиуми, особено трите главни телевизии, за да предизвикаат одредени тензии ги пренесуваат во социолошки истражувања, вели Дечев.

Како пример за тоа, наведува дека веднаш по враќањето на бугарскиот тим историчари по средбата во Скопје со нивните македонски колеги, еден негов член – професорот Иван Илчев, во интерву за БНТ излезе со неколку тези кои во следните денови станаа бугарска државна политика и предмет на медумска кампања во Бугарија.

– Првата теза е дека во моментов се спроведува силна антибугарска кампања во Република Северна Македонија, а Бугарите се претставуваат како монголо-татари. И, тоа не е точно, не постои таква официјална политика. Тоа е линија на опозициските медиуми во Северна Македонија, кои едноставно се обидуваат да ја поткопаат Владата на Заев и да го искористат евентуалното бугарско вето за да го симнат од власт. Втората теза на Илчев е дека треба да ја третираме Северна Македонија како обичен сосед, кој има свои интереси и не може да се гледа наивно, емотивно и сентиментално само како братска земја. И ова е токму она што ВМРО всушност го сакаше на крајот на 19-от и почетокот на 20-от век. И најмногу од сè, третата теза – отворениот политички повик Бугарија да го направи својот прв решителен историски чекор во последните 100 години и да ја блокира Република Северна Македонија. Тоа беше вистински повик за блокада. И за крај, но не и најважно: обидот да се замолчат сите во Бугарија кои различно мислат и говорат за историски прашања – преку нивна маргинализација и преку погрешни информации што редовно ги пренесуваат централните медиуми, истакнува Дечев.

Тоа тој го образложува со премолчувањето и извртувањето на обраќањето што го упатија бугарски историчари, професори и други интелектуалци против таканаречениот Меморандум за објаснување, како и на Отвореното писмо на бугарските и македонските научници упатено пред неколку дена до премиерите и министрите за надворешни работи за потребата од промена на пристапот.

Дечев засега не гледа сигнали ниту од Софија, ниту од Скопје за излез од ќор-сокакот, а евентуален пробив во таквата ситуација би можел да се направи само со посредување на Германија, актуеланиот претседавач со ЕУ .

– Гледам дека од страна на Скопје постои желба да не се стави вето. Ја гледам и желбата на германската страна да посредува. Но, фактот дека во моментот во Бугарија им се дава значење на националистичките историчари со екстремни мислења е крајно индикативен. И ова ме наведува да мислам дека бугарската позиција ќе продолжи да биде цврста и бескомпромисна. А тешко можеме да очекуваме од Скопје дека со ваква цврста бугарска позиција, може да започне некоја внатрешна македонска дебата за историски прашања. Тоа ме прави песимист – освен ако не се најде политичко решение барем како привремен политички договор постигнат преку Германија, изјави бугарскиот исторчар Стефан Дечев во интревјуто за Дојче веле.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ако се тргнат провокациите од Софија, македонските граѓани би почувствувале топлина од Бугарија

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ќе предложам до Владата Законот за здруженија да го испрати до Венецијанската комисија

Орце Костов