Дали Путин му даде „зелено светло“ на Ердоган за нова воена акција?

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Владимир Путин има фер пристап кога станува збор за евентуална турска воена операција во Сирија.

Путин, како што рече Ердоган, ја поддржува Турција во борбата против тероризмот.

На враќање од Сочи, каде вчера разговараше со рускиот претседател, тој на новинарите во авионот, на прашањето за воената операција, им рекол дека Путин секогаш ќе биде со Турција во борбата против тероризмот, пренесе Спутник.

Ердоган најави и дека му предложил на претседателот на Русија да ја организира неговата средба со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

„И покрај сите тешкотии на теренот, цврсто верувам дека украинската криза ќе се реши на преговарачка маса. Уште еднаш му спомнав на претседателот Путин дека можеме да ја организираме неговата средба со Зеленски“, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

Џуд Ло ќе го глуми Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Путин: Русија ја споделува вашата тага